-->
-->
Маталург во улога на фаворит против Чеховски Медведи
-->


Ракометарите на Металург попладнево, пред својата публика, ќе го одиграат шестиот натпревар во Лигата на шампионите.
Во рамките од 6.коло на Д групата, Металург во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.
Откако во претходното коло Металург го совлада истиот противник и тоа на гостувањето во Русија убедливо со 32-26, избраниците на Александар Јовиќ сега важат за фаворит во мечот со Чеховски Медведи.
„Во сите досега одиграни натпревари ние бевме, условно кажано, аутсајдери и се обидувавме со мотивирачки прес-конференции да ги разбудиме нашите играчи. Велевме дека од мачиња треба да станат лавови, дека нема што да се изгуби и дека со бробена и трпелива игра во нападот можеме да направиме добар резултат. Сега, на овој натпревар, Металург за прв пат е фаворит и од тоа нема бегање. Изминатиот период добро работевме и подготвени ќе го дочекаме овој натпревар за да ја забележиме втората победа на домашен терен. Филип Кузмановски се враќа во тимот и тој момент го разговаравме со сите во клубот за да бидат подготвени да му ја дадат потребната поддршка“, истакна Јовиќ.
Металург на последните три меча во ЛШ оствари две победи и еднаш одигра нерешено, додека руската екипа е единствената која досега нема освоено ниту еден бод, односно ги загуби сите пет натпревари.
Дуелот Металург – Чеховски Медведи ќе се започне во терминот од 17 часот.
Вчера во рамките од оваа група, победи пред својата публика остварија Мотор Запорожје над Бешикташ со 28-22 и Нант кој минимално со 33-32 го победи Спортинг.
На табелата лидер е францускиот Монпеље со 12 бодови, пред Мотор Запорожје кој има 8, а Бешикташ и Металург по 5 бода, додека на последните две позиции се Спортинг со 4 и Чеховски Медведи без бодови (0).
Потсетување дека вчера европскиот првак Вардар славеше победа на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад со 26-23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
