Мастерс: Полуфинале за Мугуруза и Квитова
Гарбине Мугуруза и Петра Квитова ги освоија првите две позиции во „белата“ група на Мастерсот во Сингапур и со тоа се пласираа во полуфиналето. Денеска во мечот од 3.коло Мугуруза ја победи Квитова со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 7:5) и со максимални три победи го освои првото место во групата.
Освоениот сет за Квитова во денешниот меч беше од голема важност бидејќи Луси Сафарова ја совлада Анжелик Кербер со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), па така трите тенисерки имаа скор една победа и два пораза, но Квитова имаше освоено еден сет повеќе од ривалките во групата.
Табела:
1 Мугуруза 3-0 (победи-порази)/ 6-1 (сетови)
2 Квитова 1-2 / 3-4
3 Кербер 1-2 / 2-4
4 Сафарова 1-2 / 2-4
Утре во полуфиналето ќе играат: Марија Шарапова – Петра Квитова и Гарбине Мугуруза – Агнешка Радванска.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено