Масовните пукања во училишта се најприсутни во САД, ова е прв случај во регионот
Се тргна од масакарот 1999 во средното училиште Коломбајн во Колорадо. Оттогаш, сите подоцнежни училишни пукања наликуваат еден на друг. Случајот Колумбајн заврши со 13 убиени ученици и наставник. Двајцата тинејџери кои го извршиле масовниот злочин се самоубиле. Нивниот профил веке е стереотип. Исклучително интелигентни, компјутерџии, отфрлени и малтретирани од другите ученици, осамени и чудни. Биле инспирирани од терористичкиот напад во Оклахома. Случајот отвори многу прашања и рани во американското оштество, од контролата на поседување на оружјето па се до образовниот систем, менталното здравје на младите штетното влијание на видео игрите.
Потоа следеа и дрги вакви инцидентит. Во 2007 ма година во Вирџинија, убиени се 30 тина студенти, 20 годишниот убиец бил вооружен до заби, страдал од тешка депресија и повторно жртва на булинг. Неколку години подоцна во основното училиште Сенди Хук настрадаа 20 деца од оружјето на 18 годишник кој прво си ја убил бабата пред да трге во крвавиот поход.
Во 2018 во Флорида бивш ученик, влегол во гимназијата каде учел. Убил 17 ученици исто толку ранил. Бил регрут, оружјето му било лесно достапно. Повторно момче кое имало проблеми со средината, се заканаувал на оние што не го дружеле, праќал заканувачки пораки на наставниците и соучениците. Сите симптоми кои ги имале и претходните злосторници, но кои станале јавни дури по убиствата.
Во училиште во Тексас токму во мај минатата година се убиени 19 ученици на возраст до 11 години и двајца наставници.18 годишниот убиец бил застрелан од полицијата. Ова е само дел од ваквите злосторства кои се американско секојдневие. Токму во САД има најмногу вакви случаи, од 2009 до 2018 се регистрирани вкупно 288. Во последните години бројот рапидно расте. Сепак се работи за феномен кој е глобален Зад САД се Мексико, Јужна Африка, Авганисатн но не заостанува ни Европа. Во Германија имало 8 вакви инциденти, а најмалку пет во Русија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
