Loading Video...
Свет
23. January 2021 - 16:37

Масовни протести во Русија - Полицијата апси демонстранти кои бараат слобода за Навални

Над 400 демонстранти се уапсени ширум Русија на протестите на кои се бара опозиционерот Алексеј Навални да биде ослободен од затвор. Меѓу упасените во Москва  е и  сопругата на Навални, како  и неколку негови блиски соработници. Полицијата ги растури собирите за кои рече дека се незаконски. Најистакнатиот политички противник на Путин беше уапсен на 17 јанури кога се врати од Германија во татковина  каде помина пет месеци закрпенувајќи од труење со новичок, за што го обвинува Кремљ. Според Москва со престојот во Германија, Навални ја прекршил условната казна за пресудата за проневера во  2014 година. На почетокот на Февруари, судот ќе одлучи дали ќе издржи казна од 3,5 години.

Светската здравствена организација следната недела ќе ја разгедува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакицни против Ковид-19. Се работи за вакцините развиени од Синофарм и Синовак. Светската здравствена организација соопшти и дека маските  од ткаеинина се ефиканси и против новите видови на корона вирусот, бидејќи начинот на пренесување е ист.  Британскиот премиер  синоќа предупреди дека првите докази навестуаат дека новиот вид на Ковид 19 што се појави во Англија може да биде поубиствен од основната варијанта на вирусот. Научиците треба да направат многу повеќе анализи за да бидеме сигурни. Се очекува вакцините против корона да влијааат на сите. 

Италијанските власти му наредија на ТикТок да го блокира пристапот на корисниците чија што возраст не може да се потврди. Забраната доаѓа само неколку дена по смртта на 10 годишно девојче од Палермо, кое  учествувало  во онлајн предизвик со онесвестување преку кинеската апликација. Според условите за користење на ТикТок, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години. Предизвикот е со стегнување шал или ремен околу вратот да се намали дотокот на кислород во мозокот и да дојде до привремено губење свест. Обвинителството во Палермо покрена истрага поради поттикнување самоубиство, откако девојчето почина од загушување