Масовни литии и молебени низ Црна Гора
Од Митрополијата црногорско-приморска тврдат дека во литијата низ Подгорица синоќа учествувале повеќе десетици илјади граѓани.
Литијата низ улиците на Подгорица ја предводел протојереј ставрофор Момчило Кривокапиќ, а на литијата и претходел молебен во храмот на Христовото воскреснување. На литијата во Подгорица и се приклучиле и литиите од Даниловград, Спуж, Зета, Куц, Пипер, Коман, Катунска нахија, Цевчање….
Свештениците соопштија дека ова било досега најбројниот собир и дека овој храм такво нешто не памети.
Најмасовната литија досега синоќа е организирана и во Будва, која тргнала од Сатриот град. Насобраните извикувале дека не ги даваат светите места, а носеле икони и знамиња и пееле црковни песни.
Масовни литии и молебени беа организирани и во Плевље, Никшиќ, Бијело Поље, Херцег Нови и Беране.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно