Масовна тепачка на скинери и бегалци во Будимпешта

На железничката станица Келети во Будимпешта екстремните десничари фрлале петарди во импровизираниот бегалски камп на платото пред станицата.
На станицата се слушнале две силни експлозии, јавува известувачот на Би-Би-Си од местото на настанот.
- Многу бегалци поради тоа се уплашија, па некои од мажите потрчаа по унгарските десничари, кои беа скинхеди, рече дописникот на британската медиумска куќа Бен Браун.
Тој додаде дека дошло до судир помеѓу бегалците и скинхедите, за време на кој се фрлани пластични шишиња, а повикана е и интервентната полиција. Браун наведува дека скинхедите очигледно дошле пред станицата Келети за да ги провоцираат бегалците.
Судирите набрзо се смириле, а бегалците седнале на подот на платото пред Келети во знак на протест, бидејќи не им е дозволена да се качат на воз за Австрија и Германија.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
