Масовна евакуација на туристи поради пожарот во источниот дел на грчкиот остров Родос
Над 1.500 лица, меѓу кои поголемиот број туристи се евакуирани во акцијата на крајбрежната служба на Грција што е во тек во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што од планината го промени правецот и се приближи до туристичките места, јави дописничката на МИА од Атина.
Според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, ситуацијата е хаотична, а на секој можен начин, со бродови, чамци, возила, камиони, автобуси, луѓето се префрлаат на безбедни локации.
Масовната евакуација по воден пат од плажите ја води крајбрежната служба на Грција, со пет брода како и 30 приватни бродови и чамци, а дополнително кон островот се упатува и брод на воената морнарица.
Пожарот и понатаму е вон контрола, а пожарникарите се обидуваат огнените јазици да ги задржат подалеку од хотелите и домовите.
Заменик- градоначалникот на Родос Костас Тараслиас за грчката телевизија Алфа рече дека шумскиот пожар, активен веќе петти ден, го променил правецот и се насочил кон туристичките места, меѓутоа засега материјална штета на објекти или хотели.
Паралелно објасни дека ќе постои информативен центар за туристите на англиски јазик. Според локалните медиуми од островот, во конкретниот дел има луксузни големи хотели.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг