Масовен руски напад врз Украина
Поради силен руски напад утринава е прогласена воздушна тревога низ речиси цела Украина, а погоден е и главниот град Киев и неколку региони, каде има жртви и разурнувања, соопштија украинските власти.
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина информираа дека неколку авиони Ту-95МС полетале од аеродромот Олења во областа Мурманск во Руската Федерација.
Соопштено е и дека украинската воздушна одбрана дејствувала во Киев и регионот, како и во областите на Лавов, Хмељницки, Запорожје и Дњепропетровск.
Украинската противвоздушна одбрана утринава одбила руски ракетни напади врз главниот град Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко и ги повика жителите да останат во засолништа.
Соопштено е и дека силите за воздушна одбрана ги уништиле сите непријателски цели кои се движеле кон Киев, пренесува Униан.
Три лица се повредени во Лавов во руски ракетен напад, а оштетени се 16 станбени згради и автомобили во нивна близина, соопшти шефот на регионалната државна управа на Лавов Максим Козицки.
Според него, „погоден е инфраструктурен објект во Лавов, и гори пожар“, пренесува Укринформ. Во областа Хмељницки, во руски ракетен напад се оштетени цивилни објекти.
– Утринава непријателот повторно изврши масовен напад врз Украина. Во областа Хмељницки има оштетувања на цивилни згради, соопшти регионалната државна управа на Хмељницки.
Украинските власти во Запорожје известија за руски напад во кој четири лица се повредени и причинета е материјална штета. „Утрово непријателот го нападна Запорожје.
Гранатиран е инфраструктурен објект. Според првичните податоци четири лица се повредени“, соопшти градоначалникот на Запорожје, Анатолиј Куртев.
Според извештаите на украинските власти, утринава руски војници нападнале објекти од цивилна инфраструктура во областа Дњепропетровск и регионот Полтава, каде што бил погоден магацин и избувнал пожар.
– Непријателот ноќеска го нападна регионот Полтава. Погодено е складиште во областа Миргород. Тоа предизвика пожар на површина од 100 квадратни метри.
За среќа, нема жртви или штета, соопшти шефот на војската на регионот Полтава, Филип Пронин.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови