Маск му одговори на Трудо со „девојко“
Американскиот милијардер Илон Маск му одговори на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на Х претходно напиша дека „нема ни теоретска шанса“ Канада да стане дел од САД.
– Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, така што не е важно што ќе кажеш, му одговори Маск.
Канадскиот премиер во заминување ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.
– Нема ни теоретска шанса Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери, напиша Трудо на Х.
Трудо претходно оваа недела најави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција. Тој објасни дека ќе биде премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија, на датум што допрва треба да го одреди партијата. Тој побара работата на парламентот да се одложи до 24 март за да ѝ се даде време на партијата да најде нов лидер.
Ново на Сител
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици