Маск: Економијата на Кина ќе биде двојно или тројно поголема од американската
Кинеската економија наскоро ќе биде два до три пати поголема од онаа на Соединетите Американски Држави, според Илон Маск, американски претприемач и основач на SpaceX.
Тој истакна дека беше „многу одамна“ кога САД беа најголемата економија во светот.
– Сега се приближуваме до ситуација кога кинеската економија би можела да биде два до три пати поголема од американската. Тоа е едноставно еден поинаков свет, рече Маск во интервју за видео-конференција, организирана од Вол Стрит Журнал.
Претприемачот додаде дека повеќето претставници на кинеската влада пораснале со чувство дека економијата на земјата е „мала“ и со НР Кина „несоодветно“.
Истовремено, Маск истакна дека производителот на електрични автомобили Тесла, чиј основач е тој, има добри односи со Кина.
– Не сакам да изгледам дека поддржувам сè што прави Кина, ниту ќе кажам дека поддржувам се што прави САД или која било друга земја. Генерално, мислам дека се движаме кон интересен и нов свет. Не треба да заборавиме дека сите сме луѓе, потенцираше Маск.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
