Бизнис
7. February 2020 - 17:46

Машиновозачите не отстапуваат од барањето, продолжува блокадата

За три дена над 9 милиони денари загуба прокнижи Македонски железници поради бојкотот на машиновозачите, тврди министерот Сугарески. Вели дека државите кои досега ги користеле македонските пруги сега бараат алтернатрива преку Бугарија. Побара машиновозачите да се вразумат и да се вратата на своите работни места. Обвини дека држат во заложништво  2.000 вработени кои не го подржуваат штрајкот.

Машиновозачите пак не попуштаат. Велат дека се додека не им биде исполнето барањето нема да се вратат на работа. Се жалат на притисоци и побараа итна средба со министерот Сугаревски.

Машиновозачите бараат додатокот за квалитет да им се зголеми за 10 отсто. Веќе четврти ден целосно е во прекин и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.