Македонија
4. August 2021 - 19:50

Машиновозачите ги прекинаа блокадите, возовите повторно движат

Жезничкиот сообраќај одблокиран. Машиновозачите го добија и вториот дел од јунската плата. Но се закануваат со нови блокади, ако до 25 август не им биде исплатена целата плата за месец јули. Револтирани поради неипслатените плати тие вчера по 16 часот одлучија целосно да ги сопрат возовите.

И од менаџментот на МЖ Транспорт  потврдија дека состанокот со машиновозачите  завршил успешно. Платата е исплатена, целосно  е одблокиран железничкиот и товарнио сообраќај,  а сите отворени прашања ќе се решаваат во следниот период.

Од опозициската ВМРО- ДПМНЕ пак обвинија дека  железничкиот сообраќај во земјава е во вештачка  кома

На состанокот се разговарало и за вработување  и на нови машиновозачи затоа што дел од нив до крајот на годинава треба да заминат во пензија. Инаку МЖ транспорт е едно од претпријатијата кои постојано е на листата на должници. Заклучно со јуни доспеаниот, а неплатен долг изнесува 60, 5 милиони евра.