Машала: Се роди бебе - џин тешко над 7 килограми

На Нов Зеланд е родено бебе тешко 7,39 килограми. Се претпоставува дека тоа е најтешкото бебе некогаш родено во оваа земја.
Мајката чиј идентитет не е откриен се породи во болницата во Велингтон и на свет донесе машко бебе тешко 7,39 килограми и долг 57 сантиметри. Породувањето е направено со царски рез и траело повеќе од 3 часа.
Бебето има двојно поголема тежина од нормалната.
Од болницата е потврдено дека мајката и бебето се добро.
Најтешкото дете од Нов Зеланд е втор син во семејството, а првото се родило со тежина од 5,4 килограми.
Таткото на детето изјави дека неговите пријатели искоментирале дека неговиот син ќе биде наследник на Џона Лому, еден од најпознатите и најдобрите новозеландски рагби играчи.
-Луѓето мислат дека мојот син ќе биде наследник на Лому, а ние сепак веруваме дека ќе биде пијанист, вели гордиот татко.
Родителите ќе мора да ги прескокнат стандардните пелени за новороденчиња и да поминатат на “третата големина“, а во подготвената гардероба да заборават на онаа намената за деца од 6 до 8 месеци.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
