Мас: За нови преговори за Брегзит потребна е согласност од сите членки на ЕУ
Потребна е дискусија за повторно отворање на предлог договорот за Брегзит, но тоа ќе биде можно единствено ако нови преговори поддржат сите земји членки на ЕУ, изјави германскиот минстер за надворешни работи Хајко Мас.
– На крајот ќе се постави прашањето дали повторно да се отвори догворот, за што е потребна согласност на сите 27 земји членки, За тоа треба да се разговара сега, истакна Мас во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ.
Мас претходно беше на ставот дека е „тешко замисливо“ повторно разгледување на постигнатиот договорот за Брегзит, а можноста за нови преговори за условите за британското напуштање на ЕУ ја отфрлаа и други лидери на Унијата.
Откако, Парламентот во Вестминстер во вторникот го одби договорот за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, британската премиерка Тереза Меј има рок до понеделник да предложи „план Б“ за истапувањето на Велика Британија од ЕУ. Според најавите од Лондон, по овој „план Б“, пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент би требало да се изјаснат на 29 јануари.
Како една од опциите на Брегзит во „планот Б“ се посочува и можноста Меј да предложи одлагање на британското напуштање на ЕУ за неколку месеци, во кој период би се преговарало за промени во постојниот договор.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница