Мас и Рот во карантин по средбата во Берлин со Захариева, Димитров и Османи

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ќе оди во двонеделен карантин поради средбата што ја имаше со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков во Берлин во понеделникот, откако бугарското МНР денеска соопшти дека таа е во самоизолација, а Дојков бил позитивен на брз тест за КОВИД-19.
Во карантин ќе оди и министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот. Како што соопшти германското МНР, во изолација заминуваат и други вработени во министерството кои присуствувале на средбите. Првиот тест на Мас бил негативен на коронавирус.
Во соопштението на германското МНР воопшто не се споменуваат темата и учесниците на состанокот во понеделникот поради кои министерот заминува во карантин.
На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.
По извршената епидемиолошка проценка на ризик донесена е одлука вицепремиерот Димитров и министерот Османи да не одат во изолација.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
