Марзук: Утре во 10 часот ќе стапи во сила примирјето помеѓу Хамас и Израел
Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, изјави дека привременото примирје меѓу терористичката група и Израел ќе стапи на сила утре во 10 часот.
Неговата објава доаѓа откако Израел постигна договор со Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од приближно 240 заложници кои Хамас ги заплени на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетни и палестински затворенички кои се држат во затворите во Израел.
Договорот синоќа го одобри израелската влада.
Абу Марзук рече дека повеќето од заложниците што треба да бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши, пренесе Канал 12.
Израел рече дека сите заложници ќе бидат граѓани или жители на Израел.
Израел се уште не ја коментирал изјавата на Марзук.
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
