Мартина (3) пронајдена мртва и без облека во автомобил: Мистерозна смрт го шокираше светот
Тригодишната Мартина М. за која се наведува дека е државјанка на Србија е пронајдена мртва во автомобилот на својот дето. Девојчето пред тоа наводно била на детски роденден и со други деца си играла во возилото.
Како што наведуваат италијанските медиуми, мајката ја пронашла Мартина а детето без свест е транспортирано во болницата Сан Џовани Боско.
Рана
Утврдено е дека семејството живее во номадски камп. Девојчето во болница е донесено мртво и утврдено е дека починало 3-4 часа пред да биде пронајдена од страна на мајката. Лекарите можеле само да ја констатираат смртта и да забележат дека на челото имала рана.
Засега се проверува дали девојчето е провредено во игра, а наводно било пронајдено и без облека.
-Раната може настанала од благ удар или пад. Постои можност да се онесвестила или заспала во автомобилот и починала од топлотен удар. Интересно е што автомобилот не бил заклучен кога детето е пронајдено, пишува италијанскиот печат.
Мајката и вујкото кои ја донеле малечката Мартина во болница, по што се испрашани од страна на полицијата.
Мајката изјавила дека девојчето го оставила да си игра и тоа исчезнало. Раскажала дека ја барала со часови, додека не ја нашла онесвестена во автомобилот.
Истрага
Се очекува обдукцијата да покаже од што точно умрело тригодишното девојче. Досегашната истрага јасно покажа дека детето со сигурност не е заборавено во автомобилот.
-Семејството за потребите на истрагата ќе мора да го реконструира попладнето кое претходело на смртта на Мартина, за да се разјасни оваа мистерија, пишуваат медиумите.
Медиумите наведуваат дека родителите на малата Мартина се српски имигранти кои живееле во ромски камп во близина на Неапол. Во истрагата е вклучен и центарот за социјална работа кој го посетувал кампот каде живеело девојчето.
Сличен случај
Пред 10 дена во Италија почина и Даниел Митровиќ (15), кој 40 дена пред тоа го скришил зглобот. Мајката на покојниот Даниел, Наташа Митровиќ изјави дека се сомнева дека нејзиниот син е несоодветно лекуван. Обдукцијата покажа дека детето умрело од емболија на белите дробови и тромб, што предизвикало сомнеж кај родителите зошто детето 40 дена примало инекции против згрутчување на крвта.
Ново на Сител
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни