Мартин Шулц се заложи за зачувување на интегритетот на еврозоната
Претседателот на Европскиот парламент, осврнувајќи се на грчката криза и денешниот самит на Еврогупата во Брисел, оцени дека оваа криза е истовремено и политичка и економска, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
- Тоа е истовремено и политичка и економска криза. Не треба да се потцени фактот дека еден народ рече „не“. Тоа е сериозно и треба да се размисли. Има многу објаснувања. Едното е дека страдањето стана непoднoсливо за извесен број на Грци, па затоа треба да се води сметка за тоа, нагласи Шулц, како одговор на прашањето дали десните влади од Европа сакаат да турнат од власт една Влада составена од екстремната левица.
Тој притоа нагласи дека за оваа криза треба да се најде решение и отстапките треба да дојдат од двете страни.
- Повторувам, на кризата и е потребно решение. Решението не е конфронтација, туку приближување меѓу двете страни. Двете страни треба да се придвижат, рече претседателот на ЕП.
Шулц нагласи дека сега ги очекува предлозите од страна на грчката Влада по одбиените предлози на 18-мината од страна на Владата, а потоа и од грчкиот народ.
- Мојата лична позиција е многу јасна. Јас сум за зачувување на интегритетот на еврозоната. Тие кои ќе се обидат да ја поткопаат еврозоната прават грешка, заврши Шулц.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро