Македонија
8. March 2022 - 16:40

Марш за женските права – „Сиромаштијата има женски лик“

Активистите за родова еднаквост годинава маршираат под мотото „Сиромаштијата има женско лице“. Побараа соодветни владини мерки за сузбивање на женската сиромаштија, што особено е изразена во период на пандемија и економска криза.

Ова е шести марш што го организира Платформата за родова еднаквост. На денот посветен на правата на жената се демонстрише не само за социјална, туку и за политичка и економска еднаквост.

Денот беше одбележан и со други активност. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и МВР организираа почесно возење низ градот, каде жени успешни во различни професии, покрај пораката за рамноправност, побараа поголема одговорност од сите учесници во сообраќајот.

Во својата честитка за Меѓународниот ден на жените, претседателот Пендаровски потенцираше дека борбата за женските права е секојдневна и сè уште е борба за еднаквост и достоинствен живот. Премиерот Ковачевски истакна дека се залага за потполна родова рамноправност, без која нема ни демократија, ниту социјална правда. Честитка упати и спикерот Џафери, за кого родовата еднаквост значи и одржлива иднина.