-->
-->
Марсело и Иско остануваат во Реал до 2022 година
-->
Актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид ја продолжи соработката со двајца стандардни првотимци.
Бразилецот, Марсело и шпанскиот репрезентативец Иско остауваат во Реал до 2022 година.
Марсело кој на „Сантијаго Бернабеу“ стигна како 18-годишник, веќе десет години го носи дресот на „кралевите“, а досега има одиграно 415 натпревари.
Иско пак во Мадрид дојде од Малага летото 2013 година, а беше еден од најзаслужните за четирите освоени трофеи на Реал минатата сезона.
Засега нема информации за финансиските услови под кои двајцата фудбалери се сложиле на продолжување на соработката, но шпанските медиуми побрзаа да информираат дека во новиот договор на Иско има откупна клаузулуа од 700 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство