Свет
5. December 2015 - 10:52

Мароко осуди 11 лица за тероризам

Судот во мароканскиот град Салех  вчера осуди 11 лица за учество во терористички активности, соопшти државната новинска агенција Магреб Араб прес, цитирана од ТАСС.

Криминалците добија казни од две до седум години затвор. Судот докажа нивното учество во создавањето на криминални групи со цел подготовка и извршување на терористички акти.

Тие се занимавале со собирање на средства за финансирање напади и со поттикнување на извршување на противоправни дејствија.