-->
-->
Маркоски: Со помош на Живко до спортско здравје
-->

Денеска заедно со младинскиот репрезентативец Кире Маркоски гостин во нашата репрезентација беше и Живко Димитровски од Делчево кој работи како физиотерапевт или како што самиот милува да каже – масер во ФК Брегалница.
Живко е познат меѓу спортистите на кои секогаш им помага со своите масажи:
„ Имав неколку повреди на нозете кои Живко успеа да ги санира со истрајна масажа но и биоенергијата која ја посетува. Можам слободно да кажам дека благодарение на него успеа да се опоравам од бројните повреди и да заиграм максимално ангажирано во дресот на Работнички и младата репрезентација на Македонија“- вели Маркоски.
Маркоски беше стрелец на двата последни гола на нашата млада селекција против Шкотска и С. Ирска во Скопје.
Живко не сака да ги споменува сите спортисти на кои им помогнал за да не испадне како реклама:
„ Многу спортисти поминале низ моите раце. Не ми треба реклама туку само да кажам дека секогаш сум подготвен да им помогнам на оние спортисти кои имаат повреди. Се разбира дека постојат и повреди кои не можат да се лекуваат со масажа и слично туку е потребна хируршка интервенција. Но по интервенцијата масажата е добродојдена.
Во оваа прилика апелирам секој тренер да обезбеди тим на лекари и масери со кои заедно ќе ги дозираат и планираат тренинзите. Една од најважните работи секако е рекуперацијата или враќање на спортистот во нормала по тешкиот физички напор на еден натпревар“- вели Живко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
-

Уапсено едно лице во Скопје, при преглед пронајдени 25 пакувања марихуана
-

Трамп: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо, или Иран ќе биде силно погоден
-

Двајца Косовари со „голф“ во Скопје превезувале 230.000 фалсификувани евра | ВИДЕО
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
