Марко купил млада Албанка: Ја излажаа дека сум 10 години помлад

Maрко Милутиновиќ од селото Дрезник во Србија со години барал жена со која ќе основа семејство, но како што минувале годините, среќата никако не му се насмевнувала. На крајот тој се одлучил да „купи“ невеста од Албанија. Се распрашувал кај агенциите за посредување подолго време, неколку пати дури одел и до Скадар, а за оваа услуга сите му барале по 3-4 илјади евра.
Потоа со помош на својата снаа која имала роднини во Албанија, ја запознал 23-годишната Манојла. Иако била скоро две децении помлада од него, тие започнале среќна врска, а сега се веќе 4 години во брак од кој ја имаат 3-годипна ќерка Сара, а очекуваат и син.
– Бев неколку пати до Скарад. Ги гледав девојките, но ниту една не ме привлече. Ме прашуваа каква жена барам, а јас им кажав дека ми треба сериозна девојка, не за провод, туку за брак. Имав 46 години кога ја запознав Манојла, но жената која ни преведуваше и рекла дека имам 36. Манојла дури 3 месеци потоа, кога веќе живееше кај мене, во пасошот виде дека сум роден 1966 година, а не 1976 како што таа најпрво мислела, раскажал Марко за Телеграф.рс.

Снаата за околу 3-4 месеци научила да зборува Српски и се вклопила во околината. Марко вели дека низ селото се зборувало за тоа како тој си купил Албанка и слични работи, но тој додава дека таму каде што живее, па и во околината, живеат претежнио постаари луѓе и многу е тешко да се најде девојка.
Тој признал дека тешко се одлучил на ваков потег и заради националноста, но и заради цената.
– При ваквото земање невеста, во Албанија се оди најмалку 3 пати. Прво за да ја запознаеш, а потоа ако и се допаднеш на девојката одиш на состанок. Вториот пати отидов во нејзината куќа на кафе, а таму под шољата се оставаат 50 евра. Парите ги зема мајката на невестата според нивниот обичај. Потоа излегуваш во град со девојката, нејзината мајка и преведувачот. Таму купуваш костум, златно ланче и прстен. Потоа се враќате дома на ручек, раскажал Марко за обичаите на ваквиот начин за земање на невеста.
– Третото одење таму се прави свадба во ресторант по нивен избор. Албанците инсистираат на тоа. Таму немаше класични ора и свирачи туку само како свечена вечера и прослава. Сето ова секако треба да се плати.

Милутиновиќ вели дека според него Албанките се поскромни жени од Србинките за кои смета дека парите им се мноу поважни.
– Јас немам автомобил. Се возиме со автобус, а на Манојла тоа воопшто не и смета. Мислам дека им е битно сопругот да е добар и внимателен, да не ги малтретира. Кај нив развдот не е така слободно прифатен и мислам дека многу пазат во каква куќа влегуваат. Кај мене дојдоа и таа и нејзиниот брат неколку пати пред да се земеме за да видат какви се условите во куќата, вели Милутиновиќ.
Како што раскажал тој, цената за невеста од Албанија варира од 3 до 5000 евра, а дел од тие пари одат кај агенциите за посредување. По неговото позитивно искуство, вели дека многумина го контактирале барајќи да им помогне за и тие на истиот начин да си најдат сопруга.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
