Балкан
8. March 2016 - 9:42

Марко го убил зетот пред очите на малолетните деца, па побегнал

26-годишниот Марко Станковиќ го усмртил 42-годишниот Вељко Неделјковиќ пред очите на неговите четири малолетни деца, во семејната куќа во Србија. Насилникот си го убил зетот , па избегал веднаш по грозоморниот настан кој го направил.

Семејната трагедија се случила во саботата во 20 часот и 30 минути, кога Марко дошол и го тепал својот зет до смрт, пред очите на четирите малолетни дечиња, како и сопругата Тијана.

- Марко е мој внук како и неговата сопруга Тијана. Таа кобна вечер сакаше прво да се тепа, а откако не ги најде мајка си и мојата ќерка, дојде, ја скрши вратата, и крвнички почна да го тепа Вељко, вели чичкото.

Никој од присутните не се обидел да го спречи Марко. Откако чичкото се обидел да ја избрише крвта од лицето на убиениот, тој му рекол, Марко ме уби, и тоа биле неговите последни зборови.