Спорт плус
2. July 2017 - 15:08

Маркез „реди“ само први места во Заксеринг - 8/8

Актуелниот шампион во МОТО ГП Шпанецот Марк Маркез ја постигна својата осма победа во осмата трка што ја возеше на патеката во Заксеринг, Германија. Ова за него беше само втора победа од деветте трки одржани сезонава во конкуренцијата на МОТО ГП. Со денешниот триумф тој го презеде и водството во генерланиот пласман со 129 бодови, пред Маверик Вињалес, кој има 124, а Андреа Довичиозо има 123.

Изненадување направи домашниот возач Јонас Фолгер, кој го освои второто место, а трет заврши Дани Педроса.
Следната трка се вози во Чешка на патеката во Брно.