Свет
12. March 2017 - 18:24

Марк Руте: Турција да се извини за навредите на Холанѓаните

Провокативните изјави на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој Холанѓаните ги нарече нацисти, не им помагаат на напорите за надминување на дипломарскиот спор меѓу Хаг и Анкара, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте.

Тој побара Турција да се извини за навредеите упатени кон Холанѓаните, истакнувајќи дека Холандија не сека конфронтација со Анкара.

Сепак, според него, доколку Турција не престане со ваквите изјави и навреди, Холандија ќе разгледа и други можности за одговор. 

- Во интерес на лидерите и во интерес на заедничката цел е да се обидеме да ги намелиме тензиите, но за тоа е потребна сорабтока и од страна Турците. Тоа што тие го говорат денеска не помага во таа насока, рече Руте.

Односите меѓу Холандија и Турција се влишија откако вчера холандските власти одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја. По ваквите одлуки на Хаг, турските лидери упатија жестоки закани и напади на сметка на Холандија.