Марк Карни: Членството на Британија во ЕУ ја зајакнува британската економија
Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни изјави денеска дека членството на Велика Британија во ЕУ ја „засилува динамиката“ на британската економија.
Во расправа во Комисијата за финансии на британскиот Парламент, гувернерот Карни рече дека односите со ЕУ и помагаат многу на земјата при постигнувањето на нејзиниот економски раст.
Комисијата расправаше за економските и за финансиските трошоци, но и за ползата што ја има Британија од нејзиното членство во Унијата, како дел од вкупната дебата во земјата, пред референдумот, закажан за 23 јуни.
Во текот на расправата, Карни кој е канадски финански експерт на работа во Лондон, мораше да полемизира со некои од членовите на Комисијата, од пратеничките редови на Конзервативната партија кои го обвинија за „заземање страна„ како и дека со тоа ја определил Банката да биде на страната на кампањата за останување во ЕУ.
Тој ги отфрли таквите ставови, како сосема неточни и инсистираше дека Британија во секој случај има полза од членството.
Некои од антиевропски определемните ториевци тврдат дека заслугата за добрата кондиција на домашната економија не е резултат на членствито во ЕУ, туку на реформите што ги направила Маргарет Тачер, како британски премиер во осумедесетите години на 20 век.
Гувернерот Марк Карни предупреди дека напуштањето на ЕУ претставува „најголемата домашна закана„ за финансиската и за екномската стабилност на Британија.
Банката на Англија, која во британскиот банкарски систем ја има улогата на Централна банка, претходно сугерираше на потребата од обезбедување дополнителни средства за финансискиот пазар, пред и по референдумот, стравувајќи дека јунското изјаснување на Британците, би можело да предизвика непредвидени потреси на финансискиот пазар и врз работењето на банките.
Ново на Сител
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики