-->
-->
Марк Гасол за 100 милиони долари останува во Мемфис
-->

Шпанецот Марк Гасол реши да ја продолжи верноста со својот досегашен тим Мемфис и се согласи на нов пет годишен договор во висина од 100 милиони долари.
На крајот од сезоната тој го доби статусот слободен агент, но и покрај понудите на други екипи реши да остане во Мемфис.
Според договорот тој по завршувањето на четвртата година од договорот може да го напушти клубот. Марк Гасол (30 години) сите седум сезони во НБА лигата ги мина во редовите на Мемфис.
Со своите добри игри се истакна како еден од најдобрите центри во лигата изминатава сезона, а на 81 натпревар имаше со просек од 17.4 поени; 7.8 скокови и 3.8 асистенции по натпревар.
Според најавите тој ова лето нема да биде дел од шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство, пред се бидејќи најави одмор по напорната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
