Кошарка
14. July 2015 - 9:40

Марјановиќ ќе игра со Тим Данкан

Доскорешниот центар на Црвена ѕвезда, Бобан Марјановиќ потпишал едногодишен договор со екипата на Сан Антонио Спарс. Информацијата, на која Марјановиќ ги обавува медицинските прегледи, ја објави менаџерот на кошаркарот, Мишко Ражнатовиќ.
 
Марјановиќ минатата сезона доминираше во дресот на Црвена ѕвезда во сите натпреварувања, а осбено импресивен беше во Евролигата, каде статистички беше најкорисниот играч со просек од 16,6 поени и 10,7 скока по натпревар.
 
Спарси во пресрет на новата сезона целосно ја реновираа центарската линија, во тимот остана ветеранот Тим Данкан, а покрај Марјановиќ нови играчи станаа Ламаркус Олдриџ и Дејвид Вест.