Балкан
8. July 2017 - 11:27

Марјан завршувал со работа - одеднаш змија му се закачила за рамото

Марјан Новковиќ кој работи како ноќен чувар во Врање, доживеал повеќе од хорор кога змија му се спуштила од рамото за време на работното време. 

Тој завршувал на работа, ги гасел светлата, кога почувствувал нешто на рамото. Најпрво мислел дека се работи за скакулец, а потоа сфатил дека всушност доживува хорор. Змија му паднала од рамото.

- Кога го запалив светлото се шокирав, видов дека е тоа змија подолга од еден метар. Не бев сигурен дали е отровна па затоа ја заклучив во куќата и побарав помош, вели тој.

Не знае како змијата успеала да стигне токму до паркингот каде работи.