Џет-Сет
22. September 2016 - 8:59

Марион Котиjар ги отфрла гласините за наводна афера со Бред Пит

Француската глумица Марион Котијар и соопшти на јавноста дека бремена и уште еднаш ги негираше гласините дека имала љубовна врска со Бред Пит.

На Инстаграм актерката објави дека обично не коментира „такви шпекулации“, ниту пак им обраќа некое особено внимание, но овојпат сето тоа излегло вон контрола, така што нејзини драги луѓе се нашле засегнати од тоа, па затоа решила да проговори.

Котијар потсети дека е во брак со глумецот Гијом Кане, со кој имаат петгодишен син, а новост е тоа што тие моментно чекаат уште едно дете.

Актерката глуми заедно со Бред Пит во трилер романсата за приказна сместена во времето на Втората светска војна „Allied", чијашто премиера ќе се случи наскоро. Гласините за нивната афера, меѓу другото, се и една од причините поради кои Анџелина Џоли побара развод од Бред.