-->
-->
Марин Докузовски прв „пик„ за местото на Марјан Србиновски
-->
45 дена откако македонската кошаркарска репрезентација го заврши својот настап на ЕП конечно денеска УО на МКФ го разгледа и расправаше по извештајот на селекторот.
Марјан Србиновски повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.
Управниот одбор на Македонската кошаркарска репрезентација (УО на МКФ) ја прифати оставката на Србиновски, приложена до МКФ во меилот со кој го поднел и извештајот за настапот на македонската репрезентација на ЕП во Загреб.
„Селекторот го искористи последниот ден да го поднесе извештајот, поради што доцнеше анализата од учеството на репрезентацијата на ЕП во Загреб. Го немам видено Србиновски уште од 20 август, а тој не најде за сходно до денеска да дојде за да поразговараме. Во четвртокот по имејл ме извести дека повеќе не сака да биде селектор, што значи дека не ни очекувал да остане на досегашната функција“, рече спортскиот директор, Заре Марковски.
УО на МКФ реши да формираат тричлена комисија која како основна задача ќе има да го убеди Марин Докузовски се врати на чело на сениорската репрезентација.
„Од Марин не бараме веднаш резултат, нити, пак, повторување на успехот од Литванија, каде што дојдовме до четврто место кое под итно мора да го заборавиме. Тојтреба да ги постави работите и да им даде шанса на помладите, чие време допрва доаѓа. Ние нешто слично очекувавме и од Србиновски, но ниту Младеновски ниту Магдевски не ја добија очекуваната минутажа“, изјави претседателот на МКФ, Петар Наумоски.
Во комисијата за разговор и за убедување на Докузовски би требало да бидат претседателот Наумоски, потпретседателот Илија Пенов и членот на УО, Сречко Трајковски.
Членовите на УО на МКФ ги верификуваа и 12-те кои ќе бидат предложени до Министерството за образование, како можни кандидати за работа во Спортската академија.
Воедно беа назначени и новите членови на тренерската комисија како и новиот Стручен совет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури