Мариќ: Здравствениот систем на Хрватска еден од приоритетите на Владата
Министерот за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ најави дека во 2018 година здравствениот систем ќе биде еден од приоритетите на Владата, а во план е донесување закон за задолжително здравствено осигурување, како и закон за лекови.
Здравствениот систем во Хрватска во 2017 година бележи продолжување на акумулацијата на долгови, што достигна вкупно 8,2 милијарди куни, повремени притисоци од веледрогериите да им се подмири барем дел од долгот од три милијарди доспеани куни за испорачани лекови и медицински материјал, како и настојувањето на министерот за здравство Милан Кујунџиќ преку новиот Закон за здравствена заштита и проектот за приориретни листи за чекање да се предизвикаат позитивни процеси во системот.
Законот, сепак, не е донесен, најавено е негово скоро пуштање во е-советување, а Владата преку ребалансот треба да додели дополнителни 1,1 милијарди куни за здравството, од кои 870 милиони за подмирување на дел од долгот кон веледрогериите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп