Македонија
26. August 2017 - 16:35

Маријана Ѓорѓиевска - Првата прилепчанка која го освои Монблан

По три дена макотрпно искачување, во крајно лоши временски услови, при екстремно ниски температури и по замрзнат планински терен, прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска, пред неколку дена успеа да го освои највисокиот врв на Алпите, врвот “Монблан”, кој се наоѓа на надморска височина од 4.810 метри.

Младата Ѓорѓиевска е првата прилепчанка која го развиори македонското знаме на врвот од овој светски предизвик за сите планинари.

Маријана, до врвот стигнала заедно со својот клубски колега, Владимир Јованоски. Двајцата, идејата за  овој невеоројатно храбар подвиг ја имале уште од минатата година, кога и ги започнале големите подготовки.

Следен нивни предизвик, за наредната година е искачувањето на највисокит врв во Европа, врвот “Елбрус” кој се наоѓа на Кавказ  на надморска висина од 5.642 метри.