Марија Шерифовиќ ја пронајде љубовта на својот живот - во врска со атрактивна Американка
Марија Шерифовиќ си ја пронашла среќата во нова врска со атрактивна девојка од Лос Анџелес поради што често патува во САД.
Тие двете се запознале преку заеднички пријатели. Марија веднаш се вљубила во оваа убавица и тоа и го потенцирала. Исто така, поради неа често оди во ЛА. Дека не се работи само за кратка авантура, сведочи и близок пријател на пејачката.
-По турбулентниот љубовн период, Марија кончено најде мир. Една атрактивна Американка и го уркаде срцето. Заедно се веќе неколку месеци. Одлично функционираат и многу им е убаво заедно. Секако, како и досега, Марија нема намера да зборува за својот љубовен живот, ниту пак новата љубов да ја претставува во јавност, вели нејзин пријател.
Марија не сакаше да ги коментира овие наводи во српските медиуми. Инаку љубовниот живот на познатата српска пејачка секогаш бил интригантен. Марија година дена беше во врска со Елена Кариќ. По врската со снаата на најбогатото српско семејство, Шерифовиќ дури два пати на Инстаграм крена прашина објавувајќи фотографии на кои се гледа женска рака. Марија распиша и конкурс за невеста, но подоцна објасни дека тоа било шега во која учествувала и нејзината пријателка Јелена Карлеуша.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
