Балкан
25. November 2015 - 9:39

Марија испратена во вечното живеалиште - "Секогаш ќе бидеш во нашите срца"

 
 
 
 
Марија Драмичанин, 39-годишната мајка на седум деца која загина откако со својата Тојота излета од пат, беше испратена синоќа во вечното живеалиште. Нејзините деца напишаа потресна порака за неа.
 
- Мајко, засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Никогаш нема да те заборавиме. Бевме твој живот и гордост, ни се посвети целосно и се жртвуваше за нас. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, ни го посвети животот нам, велат тие во потресното писмо.
 
Марија ја испрати целото село каде таа живеела: -Не можам да поверувам, мајка на седум малолетни деца. Секогаш беше насмеана и ведра. Ова е голема трагедија, вели сосед низ солзи.