Маричиќ: Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување то Тема на денот во Дневникот на Сител појасни дека Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав.
-Одамна бараат овие три малцинства. Подготвени сме да разговараме и не гледаме проблем во однос на малцинствата што веќе сме ги ставиле и ги имаат нивните права. Сметам дека ова треба да се случи пред нашето членство во ЕУ, како работа на нашиот систем, рече Маричиќ, додавајќи дека кога и како ќе се случи тоа, допрва ќе се разговара.
Во однос на средбата на дел од Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот смета дека тој настан не треба да биде тридимензиониран.
-Не претставува вид на заострување на односите. Не бегаме од битните прашања. Сите треба да се потрудиме и да ги менаџираме потенцијалните тензии. Ние сме во постојана комуникација со бугарското МНР и сите правиме напори за да успех. Во моментов битна ни е патеката на работните групи, информира Маричиќ.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза