Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик
Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Македонија“ истакна по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнаа на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Според него со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси во земјата.
-До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме многу блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел - потенцираше министерот Маричиќ
Според него генерално меѓу сите политички партии има согласност за промена на изборниот модел, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг.
Министерот верува дека партиите ќе продолжат и наредниот период уште поинтензивно и конструктивно да разговараат за ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.
Ново на Сител
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода