Македонија
4. July 2024 - 16:33

Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа

Уште тројца поранешни министри од поранешната влада ќе добијат апанажа Комисијата за избори и именувања попладнево  ги уважи нивните барања и тие во наредните 12 месеци ќе добиваат државна плата.

Ова е трет пат, како Собранието одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 екс-функцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, што е третина од целиот пратенички состав.

Одлука дали ќе побараат апанажа се уште не донеле Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши. Тие ќе можат да размислуваат до 23 јули, кога истекува рокот за барање за исплата на плата по престанок на функцијата.

Некои од поранешните министри и директори од поранешата власт, пак,  се избрани пратеници, како токму Ковачевски, Бочварски, Спасовски, Славјанка Петровска, Трренчевска, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Битиќи …

Двајцата најистакнати министри на ДУИ – првиот виепремиер Груби и министерот за надворешни работи Османи, кои воопшто не ни беа на пратеничките листи се враќаат на своите поранешни работни места. Груби на тетовскиот универзитет ќе предава новинарство, Османи во градската болница во Скопје ќе биде хирург. На старото работно место во МВР се враќа и Славица Грковска, а во екологија – Маја Шукова. Пенов и Азир Алиу пак, се враќаат во приватен сектор.

Функцинерите на апанажа цела година ќе земаат плата од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле.

Собтрнаиската комисија денеска утврди и предлог з анов генерален секретар на Собранието – Марина Димовска, која долги години е дел од собрнаиската служба.