Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат

-Имаме добра основа за дебатирање за отворените прашања со Бугарија. Двете страни имаме добра волја за постигнување резултат. Тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалогот може да даде успех и договор, кој во суштина ќе значи дека интересите на двете страни се обезбедени и заштитени, стои во статусот на Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ.
На состанокот во фокус на разговорот беа односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција, како и за состојбата во целиот регионот, со акцент на важноста за напредок на нашиот евроинтеграциски процес, кој е важен и за Бугарија поради новиот геополитички момент кој што се случува во Европа.
–Искрени и взаеми мора да се заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи нашите добрососедски односи се во интерес на двете земји но и на целиот регион, вели Маричиќ додавајќи дека пред нив е уште работа, конструктивни разговори за добивање фер, и европско решение, достоинствено за двата народи и за заштита на македонските национални интереси.
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција