Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, на која низ отворен и конструктивен разговор потврдија дека и покрај сите предизвици со кои се соочува Европа, Европската Унија мора да остане активна во регионот и во Северна Македонија.
-Прогрес е возможен, веруваме дека има решение, но мора и да се покаже европско лидерство и политичка волја од двете страни. Европскиот парламент може да влијае на политиката на Унијата и очекуваме поддршката која ја добиваме ќе се реализира на дело, рече Маричиќ на состанокот.
Европратениците на средбата со вицепремиерот ја потврдија заложбата за проширување на Унијата со регионот и нагласија дека очекуваат да продолжи дебатата во самата ЕУ за прашањето и важноста за проширување на Унијата, за иднината на Северна Македонија и регионот во ЕУ да биде потврдена.
-Верувам дека европратениците навистина ја ценат улогата на Северна Македонија и во регионот и како билатерален партнер на Европската Унија. Одамна требаше да ги започнеме преговорите и веќе доволно време е изгубено, сега е историски момент за историски одлуки, додаде Маричиќ.
На состанокот беше разговарано и за суштинските визии за иднината на ЕУ, како и за ставовите на европратениците околу политичките случувања во Европа и на Западен Балкан.
Вицепремиерот на крајот ги потврди македонските позиции во преговорите со Бугарија и кажа дека остануваме посветени на нашата европска интеграција, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните кои го прифатија предизвикот за трансформација и европеизација на општеството.
Ново на Сител
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
