Маричиќ од Брисел: ЕУ има план за брза евроинтеграција, шанса која не смееме да ја пропуштиме

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска, по средбите со европратениците, преку видеообраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и за регионот.
Како што вели Маричиќ, со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата што ни е дадена.
-Имаме многу поддржувачи и искрени пријатели во европските институции, меѓу кои и во Европскиот парламент. После средбите со европратениците од различни парламентарни групи ја пренесувам пораката дека јасна е визијата за проширување на ЕУ, и дека европратениците и понатаму ќе бидат гласни за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија и регионот во ЕУ. Поддршката и повикот за европеизација на регионот од европските институции е сè посилен. Тоа го докажува и новиот план за забрзано приближување на Западен Балкан кон нашите европски партнери, претставен денес од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели Маричиќ.
Според него, имаме видлива европска перспектива и на нас е сега со одговорни одлуки да ја достигнеме.
-Од нас се очекува напредок кон ЕУ со реформи, дијалог и консензус кога станува збор за европската иднина на македонските граѓани. Да го искористиме моментумот и да направиме чекори кои ќе дадат позитивни резултати и напредок. Ова долго го очекуваме и им го должиме на младите и идните генерации. Треба да ја разбереме итноста и неодложната задача која ја имаме пред нас да ја завршиме успешно. Неопходен е дијалогот помеѓу политичките партии кои делат европски вредности, за кои нема компромиси, или сме за ЕУ или не. Ова е ситуација во која ќе покажеме дека навистина сакаме Северна Македонија да биде во друштво и на маса со демократско развиените земји, потенцира вицепремиерот.
ЕУ, додава тој, покажа дека има план и одговорност за нас.
-Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“, подвлекува Маричиќ.
Во рамки на дводневната работна посета на Брисел, Маричиќ оствари средби со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер, со европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике, австрискиот европратеник Кристијан Сагарц, известител во сенка на Европската народна партија за Република Северна Македонија во Европскиот парламент и Ираче Гарсија Перес, европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.
Ново на Сител
-

Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми
-

Пет лица нападнале малолетник во Центар, под заканила со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон и го истепале
-

Дедо истепал 21-годишна девојка во Ѓорче Петров
-

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
-

Неколку лица од Сарај испукале куршуми кон 28-годишник, но не го повредиле
-

Три лица напднале маж од скопско, му одзеле пари, па едниот од нив го удрил со пиштол по глава
-

МЕРМС: Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции, вредна 11,11 милиони евра
-

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
