Маричиќ: Обединети и со јасна цел за европска и просперитетна Северна Македонија
– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска од Прага, го честита 8-ми септември, Денот на независноста на државата, порачувајќи дека граѓаните имаат причина да слават бидејќи денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат.
-Триесет и една година граѓаните избраа да живеат во независна, демократска, мирна, стабилна и просперитетна држава. Граѓаните имаат причина да слават. Изминатите години сведочат за посветена работа во градење и развивање на Северна Македонија како слободно, одговорно и економски силно општество со целосна афирмација на граѓанските вредности. Успеавме и покрај сите предизвици, да останеме јасно ориентирани кон евроатлантските интеграции, инвестирајќи во нашата стратешка цел до крај. Да се стане членка на НАТО за мала земја, како нашата, е големо достигнување, а отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ, е уште еден важен чекор напред во вистинската насока. Преговорите за пристапување ќе ни помогнат да се движиме низ реформите и да се фокусираме на оние од приоритетна важност, стои во честитката на Фејсбук-профилот на вицепремиерот Маричиќ.
Денес, како што посочува тој, сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат за нејзините генерации. Модерна, европска и просперитетна Северна Македонија за сите нејзини граѓани.
Вицепремиерот Маричиќ, денес и утре е во официјална работна посета Република Чешка, која претседава со Европската Унија, каде ќе остари средби со неговиот хомолог, министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл.
Ново на Сител
-
Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма