Маричиќ: Називите на бугарските клубови не придонесуваат за добрососедските односи

Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедските односи и ги сметаме за провокација, дека се контроверзни. Но мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на СЕ, членка на ОБСЕ, кандидат за членство во ЕУ да ги решаваме овие прашања институционално, наместо со насилство.
Ова го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање за имињата на новоотворените бугарски клубови во земјава.
– Насилството не е решение и не придонесува за решавање на проблемите. Сметам дека и Централниот регистар и надлежните судови и јавното обвинителство имаат опции и по постоечките закони да дејствуваат за зачување на јавниот ред и мир и јавната безбедност во смисла на називите на овие здруженија. По моите информации Централниот регистар веќе постапува во некој од овие случаи но во тек е и работата на ад хок групата која ја формираше Министерството за правда за да се направат законски измени за додефинирање на прашањата поврзани со називите на здруженијата, рече Маричиќ денеска на заедничката прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, по повод презентацијата на најновиот Извештајот на ЕК за земјава.

Тој нагласи дека земјава во моментов има еден од најлибералните закони во Европа за здруженија и фондации, но ќе се направат додефинирања во рамки на меѓународните и европските конвенции за да се избегнат вакви ситуации.
-Отворањето на кој било клуб и чие било здружение во Северна Македонија не е проблем само по себе, но кога тоа ќе се нарече по контроверзни личности, секако дека е предизвик за јавната безбедност и јавниот ред и мир како што видовме, рече вицепремиерот и најави дека на ова прашање ќе продолжи да се работи и да се дефинира и согласно праксата во други демократски држави.
Евроамбасадорот Дејвид Гир забележа дека Северна Македонија има добро досие за односите помеѓу различните заедници. Во тие односи, додава дека треба да се направат напори од сите страни за да се промовира заемно
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
