Маричиќ: Најверојатно бев првиот член на Владата кој дозна дека е можно бегство на Мијалков
Министерот за правда Бојан Марчиќ денеска потврди дека најверојатно е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, а тоа, како што изјави денеска, на неформална средба во петокот вечерта со јавен обивнител кога му било претставено оти постои гласина, дури и како чаршиски муабет било означено дека е можно такво нешто. Маричиќ нагласи дека не чувствува никаква одговорност.
– Јас како човек што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот на информации, тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен, ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, обвинителството да ги преземе потребните мерки, изјави министерот Маричиќ, кој денеска заедно со директорите на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.
Дополни дека колку што знае веќе наредното утро, обвинителката Вилма Рускоска, се јавила кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кај обвинителот и тргнала постапката.
– Незнам што можев јас да направам повеќе од тоа во тој момент. Впрочем, дејството се случи во неделата вечер оттогаш имаше доволно време да се преземат сите мерки. Министерството за правда нема под себе ниту обвинителство, ниту полиција за да може да направи што било, само можам да пренесам информација, рече министерот за правда Маричиќ.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки