Маричиќ: Две години Северна Македонија е стабилна, безбедна и посветена НАТО членка
Две години Северна Македонија е стабилна, безбедна и посветена НАТО членка, со што исполнува еден од најважните национални приоритети, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил.
Според него, членството во НАТО претставува „еден ист пат“ со интеграцијата во Европската Унија, пат кој постојано обезбедува реформи, човекови права, индивидуални слободи, владеење на правото.
-Заедно со сојузниците обезбедуваме демократија, економска стабилност и раст и пред сѐ мир и меѓусебна заштита. Во овие тешки времиња на воена агресија на тлото на Европа, уште повеќе го цениме тоа што сме дел од Северноатлантската алијанса и сме свесни за разликата помеѓу припадноста и неприпадноста кон НАТО и за придобивките од сојузничкото справување со глобалните предизвици, наведува Маричиќ.
Станувајќи членка на Алијансата, оценува вицепремиерот, ја покажавме подготвеноста да учествуваме во заедничкиот одбранбен систем, потврдувајќи го својот активен придонес за мирот и стабилноста и заедно со нашите сојузници продолжуваме да го исполнуваме идеалот за слободна Европа, Европа која живее во мир.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип