Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030-та, заеднички работиме на таа цел
Две илјади и триесета е амбициозен, но достижен датум, заеднички работиме на таа цел. Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по учеството на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји.
-Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава, стои на фејсбук статусот на Маричиќ кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија.
ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој, како што посочува во објавата Маричиќ, вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција.
-Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој, посочува Маричиќ во објавата на фб.
Ново на Сител
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
-
Лишен од слобода скопјанец во Карпош, пронајдена дрога