-->
-->
Марез е замена за Кутињо во Ливерпул
-->
Само неколку часа откако Кутињо и официјално стана нов члена на Барселона, неговиот доскорешен тим Ливерпул најде замена за него.
Ливерпул реши да потроши 55 милиони евра од заработката, за да го ангажира фудбалерот на Лестер, Ријад Марез.
Како што пишуваат англиските медиуми, Марез се очекува во текот на денов да се појави на „Енфилд“ и да ги мине лекарските прегледи, по што трансферот треба да биде официјализиран.
Според најавите, Алжирецот ќе потпише договор до 2022 година.
Марез, во 2014 година дојде во Лестер за скромни половина милион евра, а за „лисиците“ тој настапи 162 пати и постигна 43 гола. И сезонава Алжирецот игра во одлична форма па на 24 меча, има постигнато осум гола, а запиша и исто толку асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен