-->
-->
Мареј се избори за ново финале со Ѓоковиќ
-->

Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се пласираа во финалето на „Роџерс купот“ што се игра во Монтреал. Мареј полесно од очекуваното во второто полуфинале го совлада Кеи Нишикори со 6:3 и 6:0 во сетови. Со овој триумф Мареј ќе се врати на втората позиција на АТП листата. Нишикори претходниот викенд играше во добра форма и победи на турнирот во Вашингтон.
Ѓоковиќ во двата сета успеа да направи по еден брејк што беше доволно да триумфира во мечот против Жереми Шарди. Сетовите Ѓоковиќ ги доби со 6:4, што беше доволно за 10.победа против Шарди во истотолку одиграни мечеви.
Шарди со пласманот во полуфиналето ќе направи скок од 22.места и ќе се пробие на 27.место на новата АТП листа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
