Тенис
2. March 2022 - 11:47

Мареј и Кенин ќе добијат вајлд-карти за Индијан Велс

Британецот Енди Мареј и американската тенисерка Софија Кенин ќе добијат специјални покани за учество на турнирот во Индијан Велс, САД.

Мареј е финалист на турнирот во Индијан Велс од 2009 година. Тој во моментов е на 84.место во поредокот на АТП листата и не успеа да влезе во квалификациите.

Кенин која е 89. На ВТА ранг-листата, во тековната сезона има две победи во седум меча.

Мастерсот 1 000 во Индијан Велс ќе се игра од 7 до 20 март.